Од 1954 година

+

Забрани и известувања

24.7.2021

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина - (преспанска страна) од 08.00 до 17.00 часот, поради изведување градежни работи на пат - (реконструкција на коловозната конструкција).

После 17.00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација.

Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

23.7.2021

Синтек Инженеринг ДООЕЛ известува дека согласно одобрението за затварање на сообраќај со број 11-3431/4 од 23.07.2021 година, заради санациони работи, мостот над река Пчиња, (Доброшане) во наредните 100 дена ќе биде затворен за сообраќај. Поставена е сигнализација која ќе го регулира сообраќајот од и кон Куманово.

23.7.2021

СТРАБАГ АГ известува дека врз основа на Одобрение за времена на измена на режим на сообраќај на државен пат А1 делница Велес – Неготино, за на изградба на клучка Градско како дел од автопат А1 издадено од Министерство за транспорт и врски на 22.07.2021 со број 11-уп/52/4, на претходно поменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци ќе се применува времена измена на режимот на сообраќај.

19.7.2021

СТРАБАГ АГ известува дека почнувајќи од 21.07.2021 година, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад до клучка Штип-Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

01.7.2021

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2 :

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни:

петок : 15:00 – 22:00 часот,

сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и

недела : 07:00 – 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на државните патишта во Република Македонија:

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:

петок : 17:00 – 22:00 часот,

сабота : 09:00 – 18:00 часот и

недела : 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

29.5.2021

На регионалниот пат Р – 29275 крак Тетово – крак П.Шапка и крак Шипковица – Бродец – Вешала пoради изведување градежни работи (асфалтирање) во наредните 30 дена сообраќајот ќе биде во прекин од 08.30 до 16.30 часот секој ден , освен во недели и празнични денови.

На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

26.5.2021

ЈП Македонијапат подружница Велес известува дека ќе изведува градежни работи (надоградба и поправки) на коловозот на регионалниот пат Р – 1103 патен правец Кавадарци – Дреново од 26.05.2021 г. во наредните 30 дена.

На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

07.5.2021

ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци - Свети Николе - Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

01.5.2021

Информации за движење низ ЈАСЕН од 01.05.2021 до 30.09.2021

Скопје - Македонски Брод

од 07:00 - 08:30
од 12:00 - 12:30
од 16:30 - 18:00

Македонски Брод - Скопје

од 06:00 - 07:00
од 12:30 - 13:00
од 18:30 - 20:00

22.4.2021

ЕСКАВАТОРИ- МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница : Куманово- Страцин дел 1: ОД KM 0+000.00 ДО KM 15+195,85

18.4.2021

На наплатната станица Петровец, во правец Скопје - Петровец, како и на наплатната станица Миладиновци, во правец Скопје - Миладиновци поставени се знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежни активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.

30.3.2021

На магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид почнувајќи од 01.04.2021 г.пред влезот во Охрид ќе се изведуваат градежни работи.

На местото на изведувањето на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

24.3.2021

Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница Лакавица - Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно ќе се затвори сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.

21.3.2021

Штрабаг АГ известува дека на магистрален пат, делница А4 Штип – Радовиш на стационажа км 1+833 се одвиваат градежни активности, сообраќајот се одвива по девијации и е регулиран со привремена сигнализација односно семафори

26.2.2021

ДГ БЕТОН АД - Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец - Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец.

На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот се одвива континуирано без застој.

Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Работите за наведениот проект предвидени се да завршат на 31.07.2021.

29.10.2020

Г.П Илинден - Струга известува дека на ден 30.10.2020(петок) од 07.00 часот на патниот правец А2 Кичево - Охрид, на делницата Пресека - Песочан кај с.Врбјани ќе започне со изведување на градешни работи на пат(асфалтирање на риголи), каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

28.10.2020

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 (петок), ќе се започне со изведување на градешни работи на пат на патниот правец А2 Кичево - Охрид, на делницата помеѓу с.Климештани - с.Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

22.8.2020

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје ќе изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Поради тоа ќе се изврши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип.

Односно сообраќајот ќе се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с.Злетово, преку с.Ратавица до Пробиштип и обратно.

Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат.

Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

23.6.2020

ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ – Известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација - семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).

15.4.2020

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.