Од 1954 година

+

Галерија: Броење на сообраќај

Оделението за броење на сообраќај спроведува броење на сообраќај на Магистралната и Регионалната патна мрежа на 95 локации, од кои 42 локации на Магистралните патишта и 53 локации на Регионалните патишта .

На 38 локации на патната мрежа поставени се автоматски бројачи STERELA со индуктивни намотки (петљи) и пиезо сензори вградени во коловозот, преку кои се регистрира секое поминато возило вршејќи класификација на возилата во 14 категории. Притоа се прави часовен запис, посебно за секој ден во годината , во тој запис се содржи информација за фрквенцијата на сообраќајот посебно за секоја насока на движење на возилата.
Одржувањето на автоматските бројачи го вршат вработените во ЈП “Македонијапат” – Скопје, кои со периодична обиколка еднаш месечно вршат одржување на бројачите, замена на батериското напојување и превземање на податоците од автоматските бројачи со преносен компјутер .

На 57 бројачки места на патната мрежа се спроведено рачно броење на сообраќајот ( редовно и дополнително ) според пропишана методологија.
Рачно броење на сообраќајот се врши пет пати во годината според однапред предвиден распоред .

Податоци за остварената фреквенција на патниот сообраќај се користат за изработка на годишен билтен .
Во оваа публикација се дава преглед на обработените податоци за остварената фреквенција на сообраќајот на магистралните и регионалните патишта во Република Македонија .

Податоците за остварениот патен сообраќај се прибираат , обработуваат и чуваат со цел да послужат при насочувањето на идниот развој на патната мрежа. Податоците се користат за изработка на разни студии за оправданоста од изградбата на нови патишта , димензионирање на коловозните конструкции ,  изградбата и реконструкцијата  на патната мрежа .